Гавазова „фатена“ во интимен танц со пријател – гори интернетот, пејачката никогаш поопуштена
Тесниот фустан во комбинација со нејзиното беспрекорно тело и овој пат беше полн погодок

Никого не остави рамнодушен…
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавзова сподели снимка на која се гледа нејзиниот провокативен танц и сите ги воодушеви.
Имено, пејачката на својот Инстаграм сподели снимка на која се гледа како меша со колковите и ги распамети сите.
Облечена во тесен зелен фустан, таа прво му „замеша“ на својот пријател и стилист, а потоа продолжи сама да танцува.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката припиена со телото до својот пријател, почна да се „витка“, но во еден момент се сврте и само го погледна…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И сите останати во студиото уживаа во нејзиниот перформанс, а снимката веднаш стана вирална и на социјалните мрежи.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова и во петтата деценија важи за една од нашите најпознати, но и најзгодни пејачки.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа пред неколку месеци наполни 46 години, а многумина и денес ја сметаат за омилената фолк-пејачка од Македонија, па воопшто и не чуди што нејзините објави привлекуваат големо внимание.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Посебно кога ќе сподели некоја ваква снимка на која во тесен фустан во кој некои одвај се движат, таа танцува заводливо.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа едноставно блескаше во овој зелен фустан, а целото издание го заокружи со преубава фризура и шик модни додатоци.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Па, што велите за ова издание на Гавазова?