Реклама
Нега и здравје

Гаргара со чај во борба против грипот

Реклама

Гаргарата со зелен чај може да спречи појава на грип. До овој заклучок дојдоа јапонските научници кои благотворното дејство на чајот го припишуваат на неговите состојки катехини.

Маркетинг

Зелениот чај содржи катехини, кои во лабораториските испитувања успешно спречувале појава на  инфекција. Всушност, едно истражување на јапонскиот универзитет Шизуока покажало дека постарите лица кои правеле гаргара со зелен чај три пати на ден во текот на три месеци имале далеку помалку шанси да заболат од грип отколку оние кои не го правеле тоа.

Потоа е направено поголемо истражување кое вклучило 600 тинејџери. Овој пат е избрана помлада популација бидејќи помеѓу младите грипот се шири побрзо и полесно.

Научниците допрва треба да испитуваат точно на кој начин делуваат катехините, но сметаат дека сосема сигурно имаат антивирусно дејство. Гаргарата ја сметаат за поефикасен начин на превенција од пиењето, бидејќи микробите на тој начин се подолго изложени на течноста.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button