Не се hip hop-ерите тие кои ја имаат измислено гангстерската поезија и стихови како ’дојди глуп цајкану, да те зачукам у …‘. Многу пред тоа на таа тема пееја, а и слични работи правеа, разни country & western ’бербери‘, од кои некои му се добри пријатели на нашиот уредник.
Се имате навикнато да го слушате 2 Pac или 50 Cent опремени со двоцефка или долга деветка и 120 mm хаубица како крстарат по New York или Oakland во автомобил со блескави и сребрени бандажи? Сосема е нормално кога некој рапер после одењето во затвор, по обидот за убиство доживува триумфално враќање на сцената! Токму благодарение на деновите поминати во ќумезот откако и заковал куршум во глава на некоја недолжна жена , обидувајќи се да го заштити P. Diddy?
Добродојдовте во светот на клишеата, сѐ американскиот стереотип за младиот Афро-американец aka Nigga, кој дила, пука, убива, накратко, типот со подобар мултитаскинг од Windows. На другата страна на американската музичка индустрија е неуништливиот country, кој со рапот и R&B-то и понатаму единствен кој рамноправно се бори на Billboard-от. Богобојазливите момчиња и старци со жар во очите пеат оди за татковината, огништето, бизоните и секако ’огнената вода‘. Бели како нашето сирење, опремени со мамузи, тие сепак со црните колеги имаат повеќе заедничко отколку што изгледа – голем број икони на country музиката по своето минато, но и по поетиката, истотака би можеат да се сврстат во гангстерската скала на американската поп култура.
Покојниот Johnny Cash можеби нема примено девет куршуми во своето тело, набилдано со текот на силните години дигање тегови во затворот, но и самиот има поминато денови позади решетките, поради дрога и насилство. Магазинот Rolling Stones оди толку далеку да титулата O.G. (original gangster) му ја лепи токму на Cash: „Пееше за убивање на човек ’само за да гледа како умира‘ пред дечките да почнат да носат широки панталони и златни заби“, велат тие – реферирајќи на текстот од класиката “Folsom Prison Blues”. Концертот Cash од насловот влезе во историјата и веднаш е снимен и продолжеток во San Quentin. Во оваа казнена установа будно бил следен од Merle Haggard, тогаш се уште неуспешен и сиромашен музичар, кој што внатре, во ѕидините на San Quentin бил затворен откако на Бадник вечер 1957, во пијана состојба направил грабеж. Гледајќи ја свирката на Johnny и самиот решил да стане музичар, полека развивајќи се во една од најголемите икони на жанрот, со ’исповедувачки‘ gangsta хитови како “Brandead Man” и “I’m Lonesome Fugitive”.
Willie Nelson во 60-тите честопати е апсен поради алкохолизам и поседување на оружје, а познат е и како сопственик на градче, приватен голф терен и авион и секако како најголем капацитет за канабис во country водите. Toby Keith дури има напишано песна “I’ll Never Smoke Weed With Willie Again…” А да не заборавиме и на alt-country rock иконата Steve Earl, чиј што политички светоглед и звук не се комплементарни со повеќето колеги, но со нив го врзуваат проблемите со законот, затворањето поради хероин и алкохолизирани тепачки со редарите на сопствените концерти.
Во таканаречената outlaw класа се набројуваат и Waylon Jennings, Tompall Glaser, Jerry Jeff Walker, Johnny Paycheck….но, со целиот респекат кон екипата, најголем gangsta на country сцената останува David Allan Coe , ’redneck-от со долга коса‘, тетовираниот каубој со dreadlock-си и бајкер со country преференци, кој што го нарекуваат најконтроверзниот хитмејкер нa country-то, во неговата историја. Coe од својата девета година расте по поправните домови и затворите , а за влакно има избегнато смртна казна поради убиство на затворски колега кој што се обидел да го присили да му го испуши. Во 70-тите пеел за животите на ситните и крупни криминалци возејќи се во мртовечка кола, а се има прославено со агресивните и вулгарни бисерии со mail order “Nothing Sacred” и “Inderground”. Поради пресната “Nigger Fucker”, во која зборува за белите девојки кои трчаат по големите црнечки пениси, New York Times отворено го прогласува за расист, на што Coe возвраќа: „Во бендот имам црн тапанар оженет за бела двојка. Имам dreadlock-си – јас сум нешто најдалеку од расист што може да постои“.
Во поновата историја сите што пратат музика го паметат правиот раперски breef во кој Toby Keith, десничарскиот трубадур, познат по хитот “Angry American”, го направи со ’левичарските‘ Dixie Chicks, а на американската музичка сцена не е реткост ни соработката на тамбураши и рапери. Најпозната заедница на hip hop и country до сега е сепак онаа од пред повеќе години, обработката на “Gin & Juice” на Snoop Dog, во изведба на The Gourds. Како звучи кога со бенџо се пее “I got 2 bitches in living room getting it on” не може да се опише со зборови, а воодушевен остана и Snoop, кој што темата ја почести со зборовите “I feel this shit!”, па дури и во пар наврати и настапи со момците од Texas.
Ain’t nothing but a G-thang baby!
{youtube}eJlN9jdQFSc{/youtube}