„Rebecca Francescatti, музичарка и пејачка од Чикаго, поднесе тужба против Lady Gaga во Окружниот суд во Илиноис дека песната Judas на Gaga e украдена од нејзина песна снимена во 1999 година.“
Таа е категорична во нејзиното обвинение дека главните делови од овој познат хит на Gaga се украдени од нејзина песна која за прв пат била снимена во 1999 година, а подоцна и во 2005 година и се наоѓа на нејзиниот албум It’s All About You.
Покрај Lady Gaga тужба заработи и DJ White Shadow, т.е. музичките фирми Interscope Records и Universal Music Group кои што стојат позади албумот на Gaga – Born This Way за кој што е снимана и контроверзната песна Judas. Претставниците на Gaga и Interscope немаат дадено никаква изјава во медиумите во врска со овој настан.
За останати текстови, кликни тука!