Фустаните со интересен крој никогаш нема да излезат од мода
Оваа сезона симпатичните точки ги носиме на чевли, чанти, јакни и панталони, а посебно се неодоливи на широките фустани на кои посебно доаѓаат до израз. Особено кога станува збор за комбинација од крупни и ситни точки од кои настана и еден од најпопуларните фустани за оваа сезона, а по кој полудеа девојките на Инстаграм.
За овој фустан кој е идеален за жени кои сакаат да изгледаат тренди и гламурозно веќе ви пишувавме (како и за моделот од Зара кој можете да го видите тука), а единствениот проблем беше што толку беше популарен па преку ноќ го снема од полиците во продавниците.
Станува збор за модел од пролетната колекција на познатиот британски бренд Топшоп кој е идеален за свадби и забави, но и за романтични прошетки. Токму затоа, а и на големо воодушевување на бројни дами од целиот свет, истиот повторно е пуштен во продажба и може да се најде и онлајн по цена од 49 фунти (плус околу 5 фунти поштарина).
https://www.instagram.com/p/BieMEF1HrfK/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BhjuiQQg3g-/?utm_source=ig_embed