Преубавите фустани на младиот малезиски дизајнер Хан Чонг кој го основата брендот Self – Portrait за многу брзо време го воодушевија целиот свет.
Неговите фустани се романтични и сексапилни и досега ги имаат носено многу светски ѕвезди како Бијонсе, Миранда Кер, Емили Ратајковски, Клои Кардашијан, Оливија Pалермо и многу други. Хан го основаше брендот веднаш по добивањето на дипломата на престижниот факултет Central St. Martin’s во Лондон, во 2013 година. Како што вели и самиот дизајнер, линијата ја создал откако се појавила одредена „дупка на пазарот“. Сите брендови биле или луксузни или хај стрит, а тој сакаше да создаде облека со релативно пристапни цени и интересен дизајн, а воедно да биде и доволно елегантна и за вечерни излегување и настани.
Фустаните со етикетата на Self-Portrait изгледаат луксузно – и со кроевите и со материјалот. Главната одлика на брендот им е тантела и кожа, а современата женственост е проткаена низ апсолутно сите колекции. Цените на фустаните се движат од 300 до 400 долари, и во однос на цените на останатите дизајнерски парчиња (кои досегаат и до неколку илјади долари!) ова е бренд во кој се исплаќа да вложите.
Погледнете ги најубавите фустани од овој бренд во продолжение ….
види повеќе » |