Оваа пролет потребни ни се два-три фустани со цветен дезен.
О.K. нека бидат пет – едни со кои ќе го изразиме нашиот романтичен и боемски дух, други кратки и лежерни кои ќе ги носиме во најтоплите денови. Оваа полетна сезона тие се вистински хит и ќе бидат едни од најпопуларните како на улиците на светските метрополи, така и кај нас, а тоа можеме да го забележиме и од новите колекции на познатите брендови.
Преубавите цветни дезени никогаш не излегуваат од мода и оваа сезона можете да ги комбинирате на милион начини, без разлика дали ќе се покриете со цвеќиња од глава до пети или пак ќе ги додадете само на некој детаљ во вашата комбинација. Што се однесува до палетата на бои, сезонава можете слободно да се поиграте како со комбинациите од силни и впечатливи бои, така и со нежните пастелни нијанси.
види повеќе » |