15 фустани од Манго со кои сакаме да зачекориме во новата сезона
Новите пролетни фустани од познатиот шпански бренд
Пролетните фустани се моден класик на кој секогаш му се радуваме. Без разлика дали станува збор за женствени и разиграни тоалети со дезени (каде цветните мотиви имаат предност) или провокативен модел на преклоп во кој ќе изгледаме како вистинска принцеза, пролетните фустани се маст-хев за секој женски плакар. Што се однесува до трендовите и од она што го видовме на полиците на познатиот шпански бренд, оваа пролет ќе носиме смели, силни и освежувачки бои кои го симболизираат ведриот дух на сезоната што доаѓа проткаени со модерни кроеви и направени од квалитетни материјали. Во мода се и фустани со риги, карирани модели и модели зачинети со точки, а присутен се и вечните класици – малиот црн фустан и моделите во страсна црвена боја.
Па, погледнете го нашиот избор и изберете го вашиот фаворит …