Овој модел на фустан е едноставно насекаде и нема девојка која не го сака во својот плакар
Дезените со ситни цвеќиња никогаш не биле екстра модерни.
Модната блогерка Гилда Амбросио го носи екстра популарниот фустан на Vetements од минатата сезона и чизми на Alexander Wang
Можеби понекогаш се поистакнати од останатите цветни дезени, но во основа станува збор за прилично едноставен основен дезен. Земајќи го ова во предвид навистина треба да си генијалец за да создадеш фустан со ваков дезен што и последната девојка на светот ќе сака да го има. Ова им појде од рака на радикалните парижани Vetements, брендот кој се појави во 2016 година составен од седум скоро анонимни дизајнери, еден од кои, Демна Гвасалиа, го презеде кормилото во Баленсиага, заменувајќи го Александер Ванг.
Маст-хев фармерки од брендот Vetements
Секако, ова не е едноставен цветен фустан, како што и фармерките Vetements must-have vintage jeans не се обични фармерки. Фустанот изгледа како облечен наопаку, односно задната страна е предна и има длабок отвор на деколтето, како и парче материјал што се влече на задната страна. Фустанот се продаде како алва и покрај солената цена. Оваа сезона во продавниците ќе се најдат новите унапредени модели на истиот.
Vetements Ruffle Trimmed Floral Dress (£1140)
Најпродаваните парчиња од овој бренд е токму овој цветен фустан, ексклузивниот металик зелен фустан и комбинезоните.
Vetements Open-Back High-Neck Metallic Dress (£1215)
Vetements Ruffled-Trimmed Floral-Print Dress (£1120)
Па, дали ви се допаѓаат овие фустани?