Ако размислувате да одите на фризер, а не сте сигурни што и како, вусшност, да промените, не мачете се – погледнете ги фризурите на овие славна личности и одлучете се.
Каролина Флак
Ако сакате да бидете понапред од времето оваа сезона, еве нови трендови што ги полнат фризерските салони ширум светот.
Веќе не важи тврдењето дека боб опцијата е лоша; таа помина низ среиозно дотерување и сега ни доаѓа во различни модерни форми. Единственото прашање е стилот и должината соодветни за вас.
Алекса Чунг е неприкосновен шампион на модерната боб со својот уникатен разбушавен изглед, додека Џенифер Лоренс ја трансформираше својата пикси во подолг стил, до брадата, претходно оваа година.
Неодамна, Каролина Флак, исто така, се ослободи од своите долги локни во корист на покуса, современа фризура.
Ние ве водиме низ новите стилови што се задолжителни.
Алекса Чунг
Фризерот Џорџ Нортвуд е одговорен за стилизирање на многу познати жени, вклучувајќи ја Рози Хунтингтон Витли, но најпознат е по тоа што тој стои зад трендот на Алекса Чунг во 2014 година. Инаку, само што го отвори својот прв салон во Лондон и бизнисот му цвета. Со својата вешта техника на правење скалила при што на косата ѝ дава тежината и волумен, но без да одземе од должината, тој го креираше овој ултра модерен, секогаш разбушавен, изглед на Алекса што сите го обожаваат.
„Кога прв пат ја запознав Алекса, почнавме со кратење и воведување на нејзината боб фризура. Ни требаше извесно време. Но, сега, целта на оваа фризура е да покаже дека девојките не мора да имаат долга коса за да изгледаат женствено. Боб фризурата може да изгледа шик и супер.“ Доказ: Алекса лично!
Џенифер Лоренс
Џенифер Лоренс е, секако, најжешката девојка во моментов. Се трансформираше од бистра млада глумица во ѕвезда која живее во еден од најскапите имоти на Холивуд, а нејзината боб фризура доби многу пофалби. Според Џорџ Нортвуд, „Во моментов добиваме многу барања од девојки кои имаат боб, но сакаат нешто различно, односно да го имаат изгледот на Џенифер Лоренс. Ова поткастрување ќе одговара на сите бидејќи е убава алтернатива на класичниот боб.“
Клучот за правилно добивање на овој изглед не е само во поткаструвањето, туку и во стајлингот. Џорџ препорачува „За да се одржи стилот, дома мора да ги имате производите како што се Redken Powder Grip (£ 10,45, ww.feelunique.com) и Redken Quick Tease (£ 11,85, www.feelunique.com). И двата ќе додадат цврстина и текстура. Ако ви треба малку повеќе волумен, обидете се со Pureology Levitation Mist £ 11,53, www.amazon.co.uk) што ќе обезбеди неверојатно лелеење на косата. Џенифер исто така има цврста текстура која можете да го копирате со користење на фигаро за да создадете движење и дефинирање на косата.“
Кристен Стјуарт
Погледнете како изгледаше Кристен Стјуарт, актерка во „Самрак“ и амбасадор на Шанел, кога ја претстави својата нова фризура на ревијата на Шанел при крајот на минатата година. Навидум, косата на оваа 24-годишна глумица како да беше направена само неколку часа пред таа да го заземе местото во првиот ред. Асиметрично потшишаната коса има нерамни прамени кои се некако растурени и прават таа да изгледа неуредна. Овој стил целосно ја трансформираше актерката, но прашање е дали тој ќе биде избор и за многу други, бидејќи е потребно долго време за растење на коста и изискува стајлинг. Горливото прашање е дали воопшто треба да го испробате овој стил?
„Ова е, исто така, изглед за помлади и бара соодветен став за да одговара! На Кристен ѝ требаше повеќе текстура отколку на Еди.“