Реклама
Шминка

Неколку фризури и шминки за Нова година

Реклама

Се подготвувате за најлудата ноќ во годината? Но, тоа што станува збор за најлудата ноќ, не значи дека вие треба да имате и „луда“ и „непристојна“ фризура, нели? Погледнете ги овие неколку предлози што ги закачивме за денес, па одберете го она што е најдобро за вас. Според нас, овие шминки и фризури се едни од најубавите…

 Грациозно 

Маркетинг

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8163-frizuri-sminka-nova-godina?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Доколку имате среќа некој да ви ја направи фризурата како на Amanda Seyfried, (вашата коса за оваа фризура треба да е рамна и дебела!), тогаш ова е одличен избор. За крај, пред да тргнете на вашата забава, можете да нанесете малку лак или спреј и на овој прекрасен изглед да му додадете еден блескав сјај.  

Маркетинг

 Нежно, елегантно… 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8163-frizuri-sminka-nova-godina?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Сега е време за забави, па слободно експериментирајте со боите. Ние ја сакаме сината шминка на Тејлор Свифт, а и нејзините шишкички.

 Беспрекорно секси… 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8163-frizuri-sminka-nova-godina?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Сигурна сум дека сите ќе се согласите со мене за оваа сезона да се поиграме со преубавиот изглед на Кара Делевајн. Погледнете го само тој совршен кок и таа бронзена шминка што и даваат една беспрекорна секси нијанса. Прекрасно!

 Мала екстраваганција 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8163-frizuri-sminka-nova-godina?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Сметате дека не е време за црвена боја на вашите очи? Дали сте сигурни во тоа? Погледнете ја оваа преубава топла шминка на оваа убавица со проѕирни очи.

 Розова и сина експресија 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8163-frizuri-sminka-nova-godina?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Ова е предлог од една наша читателка, која покрај ова, ни испрати уште неколку интересни предлози кои можете да ги видите тука. Нејзината преубава шминка и русата коса, се надоврзуваат на претходната приказна (малце екстраваганција), само што овој пат тука станува збор за нешто навистина.. слатко. Нели?

 Опуштено 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8163-frizuri-sminka-nova-godina?slika=6 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Е ова е нешто што би го направила и јас самата. Преубави бранови на косата префрлени странично и нежен розов кармин. Нешто што вреди да се проба, особено кога станува збор за вакви луди денови…

Што е она што ви се допадна најмногу?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button