Овие „безгрижни“ фризури ќе ве поштедат од нервирање кога е во прашање косата, затоа што секогаш изгледаат совршено.
Овие „безгрижни“ фризури ќе ве поштедат од нервирање кога е во прашање косата, затоа што секогаш изгледаат совршено. Не залудно се вели дека косата е најубавиот украс на секоја жена, па затоа, бидете прекрасни дури и кога немате време за долго средување.
Еве за кои фризури станува збор.
1. Коса со еднаква должина
Во модните кругови ова е една од најбараните фризури и тоа не е без причина. Косата со еднаква должина е најлесна за одржување и совршено ви го обликува лицето.
2. Коса со степени
Ова е одлична фризура за густа, тенка, кадрава, брановита и секако рамна коса!
Дознајте кои хороскопски знаци се непоправливи флертувачи>>>
3. Коса на слоеви
Слоевите се одличен начин за додавање волумен на вашата коса и од сите фризури може да се каже дека најдобро ви го истакнува лицето.
4. Шишки на страна
За разлика од шишките преку челото, ваквата фризура не бара редовни посети на фризер, ниту пак некое претерано обликување дома. Дури и кога шишките ќе пораснат, фризурата и понатаму ќе има смисла, без многу мака.