Наши ѕвезди

Фреската со Тоше Проески во манастирот во Крушево привлекува туристи од целиот Балкан (фото)

Господ нема да го заборави...

Advertisement

Екипата на српскиот „Курир“ неодамна беше во посета на манастирот во Крушево во кој се наоѓа портретот на Тоше Проески.

Ова место денес преставува верска, но и голема туристичка атракција, а многумина доаѓаат и да го посетат гробот на Тоше.

Advertisement

Во манастирот на 18 годишнината од смртта на легендарниот пејач беше служен и годишен помен, а потоа неговото величество митрополитот крушевски и демирхисарски Јован го посети и неговиот гроб и над него прочита молитва за покој на душата.

Принтскрин/ Јутуб, Вртелешка

Тука е мојот мир и знам дека после се ќе завршам тука, изтакна Тошпе во едно од своиуте последни интервјуа, и тоа токму во овојх манастир, киј благодарение на него и беше подигнат.

Инаку, српскиот Курир во нивната објава потсети и на веста дека порано Македонската православна црква ја разгледувала можноста Тоше да го прогласи за светител, за што своевремено зборуваше и владиката Петар, но и останати претставници на МПЦ-ОА.

Фејснбук/ Тоше Проески

„Прогласувањето на светител во православната црква се врши по една процедура и критериуми кои се установени во црквата Христова и никој однапред не може да каже за некого дека ќе биде прогласен или нема да биде прогласен. Треба да помине и време“, изјави своевремено поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, додавајќи дека Тоше ја заслужува почитта на МПЦ.

„Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и нашиот народ за сето она што го направи за неговите кратки години“, истакна тогаш поглаварот на Македонската православна црква.

„Некој може да биде прогласен за свет заради праведноста и честитиот живот. И заради тоа и народот го памти. Значи, најважно за прогласување светител е личноста длабоко да е вкоренета во народот. Ако тоа постои, тогаш се спроведува канонизација“.

„Заради делата што Тоше Проески ги има направено, Господ сигурно нема да го заборави“, изјавија тогаш од МПЦ.

Потсетуваме, Тоше беше голем верник, а Манастирот Св. Преображение е возобновен токму со негова помош.

Сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирскиот комплекс, а голема улога во неговата обнова имаше и Тоше кој донираше многу средства за негово возобновување и секогаш гордо кажуваше и дека тој помагаше и со физичката работа при градбата.

Манастирот беше осветен во септември 2023 година, а на Фејсбук страницата манастир Св. Преображение – Крушево тогаш беа објавени и фотографии на кои се гледа новиот фрескоживопис во манастирот.

Како изгледа фрескоживопис денес, погледнете во продолжение >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button