Реклама
Култура[тор]

Frank Miller – 101 причина да го сакате

Реклама

Човекот кој го оживеа Batman, ги уби Леонид и Електра, а пред некоја година ја сними и најдобрата адаптација на стрип на сите времиња – ’Sin City‘..

Маркетинг

Таман кога веќе со години ни се беше заѕидало мислењето дека највистинит приказ на борбата на Спартанците со Персијците кај Термополискиот теснец е оној од “Alan Ford”, нашата самоувереност за историските знаења почна да се топи пред 3, 4 години. Да се потсетеме, Откако го разби филмскиот свет со адаптацијата на сопствениот стрип ’Sin City‘, еден од најголемите живи мајстори на уметноста на стрипот во улога на стручен соработник учествуваше и на снимањето на уште една адаптација на свое дело, стрипот ’300‘. Резултатот беше 150 милиончиња само во САД. Деновиве говори за движењето Occupy Wall Street, со иронија и негативно мислење за суштината на овој протест. Но да почнеме со ред…според нашите сознанија, пренесени од устата на Број Еден, дебелиот Леонид заглавил во отворот на преминот и така со својот дебел задник ги спречил Персијците да продрат во Грција.. Но вистинската приказна за легендарната битка врз основа на верната стрип реконструкција со име ’300‘ испадна многу покул. За самиот стрип е заслужен Frank Miller, а за филмската адаптација режисерот Zack Snyder, автор на солидниот римејк на Romero-виот „Зора на Живите Мртовци“. Филмот пристојно беше окарактеризиран како историски fantasy, а сцените се воглавно снимени со живи глумци пред bluescreen. Секако, поентата била – како и во ’Sin City‘ – да се долови имагинацијата на оригиналните стрип табли.

Маркетинг

Излишно е да се говори за тоа како херојскиот отпор на бронзено исунчаниот Леонид, со стомачни мускули за какви сонува секој црно бел метросексуален модел за парфеми, и неговата војска од 300 исти такви Спартанци,наспроти милион Персијци, брутално ги исчисти кино благајните. Иако, ако наведеме како занимливост дека нити во ваков филм, кој има сосема јасни предности (свемирски количини на тестостерон на пример), критиката не беше сложна поради – пази сега – политичката некоректност и расистичкиот пристап! Му приговараат дека од една страна ги има бронзените Грчки богови, а од друга јасно окарактеризирани морално пропаднати декадентни Персиски садо-мазо нинџи од пеколот. А исто така голема дволичност е и тоа што едниот филм (Sin City) го воздигнуваат до рајски порти како револуционерен чекор во снимањето и дигитализацијата на тој медиум, а на другиов му замеруваат дека токму тој сегмент на врвна стилизација, наспротив сиромашната карактеризација на ликовите.

Самиот татко на овој машки еп, Frank Miller е роден во 1957г. во градот Olney, во Maryland. Според сопствените зборови, веќе во раните тинејџерски години се откажал од читање стрипови, како би – пазите  – „можел да се прилагоди на стварниот свет“. Добар е тоа свет во кој жените изгледаат како Jessica Alba во ’Sin City‘, а мажите имаат прилика со кука, мотика и штит да тргнат на источни, дубиозни сексуални ориентации. За среќа и на него и на нас, таа небулозна идеја не го држала долго време, па бргу се препуштил на моќната струја на ескапизмот, кој покасно во неговите дела ќе створи паралелен свет на насилство, hard boiled noir, ефтини но опасни жени, брз секс и добра неоптоварувачка забава каква што сите сакаме. Созреал гледајќи еден куп филмови (најдраг жанр му бил – погодувате – трилерот), читајќи детективски романи и во покасна фаза јапонските манги, па така тие младешки фасцинации го зацртале неговиот пат за идната кариера и оставиле пресуден печат врз неговите стрипови. Започнал како сценарист,а после долгогодишно животарење и соработки на разни проекти (ги напишал сценариата за “Robocop”2 и 3), работата на стриповите ја започнал под надзор и влијание на Neal Adams, стрип автор на повеќе епизоди на “Batman”, “Green Arrow”и “X-Men”.

Првите работи ги објавува во 1977, во стрип магазинот Twilight Zone, но дури во 1979 со “Daredevil” почнал да привлекува внимание и реакција на критиката. Со тој слеп супер херој, а покасно и неговата spin off “Elektra”, развива стил, донекаде собран од црнобелиот среијал “Lone Wolf and Cub”, дел од martial arts мангите, a дел од некои европски автори – пред се Moebius. Комбинацијата на сето тоа стравопочит кај секој мажјак кој чита стрипови и кон неговотп прво авторско дело – стрип албумот “Ronin”. Приказна за самурајот без господар кој во дистопијскиот ,футуристички New York, се бори со демонот Agat за мечот кој енергетски се храни со крвта на невините.

Во средината на деведесетите доаѓа до револуционерен пресврт не само во кариерата на Miller, туку и во светот на американскиот стрип. Имено, Miller прифатил да пишува нови епизоди на “Batman”, давајќи му на овој лик во првиот албум “Batman: The Dark Knight Returns”, нова длабочина и комплексност. Со други зборови, мрачниот херој искомплексиран со трауми (без посебни специјални моќи, но снабден со мегаиграчки), наместо да посетува психијатар, се препушта на благотворното дејство на насилството и го открива она што навивачките групи го знаат одамна – дека насилството е лек за секоја фрустрација! Чекор подалеку во визуелен и наративен поглед представува неговиот нареден серијал – “Sin City”.

Откако издавачката куќа Dark House Comics го нарачала првиот дел од Градот на Гревот, Miller во текот на работата почнал да бива опседнат со главниот лик, Marvin – ирски католик, ситен крадец и убиец, кој со силата на

неговиот карактер почнува да го диктира дејството. „Со таков психопат нема шала“, заклучил Frank, направил дупло повеќе табли од првобитната нарачка и со тоа го створил првиот дел од серијалот кој освојува со вниманието на минималистичкиот црно – бел цртеж и класичната noir галерија на ликови кои ја сочинуваат платени убијци, проститутки и пијаници.

Сите овие карактери имале магична привлечност за холивудскиот Robert ’El Mariachi‘ Rodriguez. Тој во инсистирањето на тоа Frank да учествува со него во режијата, отстапил од капиталистичко – масонската Заедница на американски режисери, кои толерираат снимање на големи продукции, само од страна на нивни членови. После оваа ситница, за која треба да се има cojones какви што може и да се очекува од човекот кој го облече Antonio Banderas во кожни панталони, спремно се прифатил на верната адаптација А кога велиме ’верна‘, мислиме на тоа дека во 3 приказни се прекопирани комплетни кадрови од стрипот. Карактерот на стрипот е зачуван со моќни компјутерски генерирани црно – бели позадини, пред кои место во главните улоги најдоа Clive Owen, Bruce Willis, од формалин извлечен и до непрепознатливост дотеран Mickey Roorke, во улогата на сите нам драгиот Marv. “Sin City” набргу достигнас култен статус како “Pulp Fiction”, на кој помалку и подсетува по структурата на приказната, а после неговиот успех логично беше да се очекува и екранизација на друг  Miller-ов стрип.

alt

Дали работата ќе застане на ’300‘, најверојатно не! Darren Aronofsky уште во 1998г. потпиша договор со New Line Cinema за филмска адаптација на “Ronin”, кој би го продуцирал Gianni Nunneri (продуцентот на ’300‘). Имаше најави и за продолжение на “Sin City” во 2008 (повторно во комплетно иста постава), но сега за сега, како што и самите знаете – ништо од тоа.

alt

„Robert, абе на оваа тука нешто не и се гледаат доволно цицињата – ај направи нешто…“

Така деновиве Frank Miller ги поминува во удобноста на својот дом и неговиот луд свет на идеи. Меѓутоа сепак, деновиве се огласи во јавноста со свои коментари за протестите, познати под името “Occupy Wall Street”.

Движењето ’Occupy‘ не е ништо друго освен несмаснен и сиромашен начин да се изрази обид за анархија, до степен дека ’движењето‘ е смешно. Ова не е ништо друго освен грдо модно шоу од група iPhone, iPad размазени детишта, кои треба да престанат да им застануваат на патот на луѓето кои се обидуваат да стасат на работа и да си најдат работа самите за себе.

Разбудете се бедни шлајмови! Америка е во војна со безобирен непријател.

Можеби помеѓу срамното самосожалување и нарцисоидноста кои се ви сервирани во вашите прибежишта, комотни мали светови, сте слушнале и за термини како al-Qaueda или Исламизам.

Во име на пристојноста, заминете дома кај вашите родители, вие губитници. Одете во подрумот на мајка ви и играјте си со вашиот Lords Of Warcraft.

Или уште подобро, драфтувајте се. МОжеби нашата војска ќе ве стави во форма. Но тие можеби нема да ви дозволат да си ги задржите iPhone-ите….“

Можеби ова не ви звучат како зборовите на човекот кој ги напиша стварите на кои беше посветен текстот, но сепак се негови. Не знаеме што го навело креаторот на толку многу борци за права да почне да збори вакви работи (можеби зима премногу magic Mushrooms и LSD), но без разлика дали ви се допаѓаат или не овие негови ставови, факт е дека зарадио неговата работа, слободно можеме да го наречеме Цар и да продолжиме и понатаму да му се висхитуваме.

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button