Не морате да носите драматични одлуки за да би имале полни усни. Французинките знаат како да се послужат со кармин и моливче за усни со кои би го креирале овој ефект по примерот на модната икона Брижит Бардо.
Познатата француска актерка важи за безвременска убавица која остана запаметена по прекрасната руса коса, впечатлив поглед и полните усни во нежна розова боја. Токму нејзините усни беа инспирација на многу Французинки да го развијат овој суптилен (и генијален) трик за зголемување на усните.
I.
Секогаш внимавајте моливчето за усни да одговара на природната боја на вашите усни, односно на бојата на карминот со кој планирате да постигнете природен изглед на усните.
II.
Нанесете го моливчето прво на ивиците, а потоа кон внатрешноста малку над рабовите на усните како визуелно би го зголемиле нивниот волумен.
III.
Французинките се познати по нивниот децентен стил и преубава суптилна шминка. Не претерувајте со исцртување на аглите на усните, бидејќи нема да бидете задоволни од конечниот резултат. Сепак, имајте на ум дека повеќето од нас имаат асиметрични усни, па порамнувањето е и повеќе од дозволено.
IV.
Исполнете ги рабовите на усните со кармин за усни со помош на четкичка. Доколку имате проблем со цртање на рамни линии, насмејте се. Насмевката ќе ги стегне вашите усни и ќе ги нагласи линиите, така што ќе ви ја олесни работата.
Погледнете го деталното упатството во видеото што следува:
{youtube}hSpLZCOZMJA{/youtube}
НАША ПРЕПОРАKА
Наш предлог за кармин со кој можете да направите совршени полни усни и да изгелдате како Французинка оваа пролетна сезона е карминот Matt Lasting Lip Color SPF 15 од Radiant. Станува збор за долготраен, течен кармин со мат ефект и кремаста текстура, збогатена со витамин Е и други природни состојки за екстра хидратација на усните. Карминот има специјално сунѓересто четче со кое многу лесно ќе го нанесете на усните.
Кликни тука или на сликата порачај го овој производ »
Содржи сончеви филтри СПФ 15 за заштита од штетните сончеви зраци и НЕ содржи парабени. Овој кармин можете да го најдете во сите поголеми дрогерии и парфимерии во Македонија или да го порачате преку системот на Trgovski.mk доколку кликнете тука или на следниот линк.
види повеќе » |