Наши ѕвезди

Неговата ангелска насмевка ќе растажи многумина – фотографија од Тоше Проески што кине душа

Позната водителка објави досега невидена фотографија од Тоше Проески која предизвикува солзи

Advertisement

Пред 18 години, во тешка сообраќајна несреќа, згасна животот на Тоше Проески. Пејачот тогаш имаше само 26 години.

Тој октомври 2007 година беше еден од најтажните за балканска естрада. Тоше иако беше млад, веќе беше најголема ѕвезда.

Advertisement

Го сакаше целиот регион, така што по несреќата во шок беа илјадници луѓе ширум Балканот, но во Македонија оваа болка беше најголема.

Инстаграм/ Миланка Рашиќ

И оваа тага остана и до ден денес, така што секој 17 октомври во годината е посебно тажен за сите. Многумина што имаа чест да го познаваат на овој ден ќе се сетат на него така што ќе споделат сеќавања од нивните дружби. Тие овие спомени ги чуваат како најубави спомени, а некои од овие нивни заеднички моменти за прв пат ќе испливаат во јавноста.

Advertisement

Па така сега познатата македонска водителката Миланка Рашиќ која беше блиска со Тоше на својот Инстаграм сподели една фотографија направена пред неговиот прв голем концерт во Белград. И како што може да се види на фотографијата, пејачот го држи микрофонот и гледа кон Мила, а неговата ангелска насмевка многумина растажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milanka Rasic (@milankarasic)

„Го сликав Тоше пред првиот голем концерт во Белград. Дојдовме неколку дена порано со негови блиски пријатели и семејството, за да има проби. Знаев колку голем пејач е, ама млад, прв концерт во Сава Центар … и јас имав трема, како ќе помине… А тој роден за на сцена, публиката пееше со него од првата песна! Срцето ми беше полно! Колку само радост и љубов ни донесе, моменти што се памтат цел живот… Во душава си ми засекогаш Тоше “, напиша Миланка под фотографијата.

„Ве сакам сите“

Секога насмеан и позитивен како што беше, тој остави зад себе бројни убави спомени кои неговите пријатели ги чуваат.

Принтскрин/ Јутуб

Неговите зборови „ве сакам сите“ и денес како да одекнуваат од секој спомен што потсеќа на него, а за тоа колку беше несебичен и скромен зборуваат и неговите дела што ги правеше додека беше жив.

Тој секогаш несебично помагаше и беше скромно момче со големо срце, а зад себе остави песни кои и денес радо се слушаат и по кои ќе остане засекогаш запаметен, како кај нас, така и во регионот.

Инстаграм/ Миланка Рашиќ

Својата блескава музичка кариера ќе ја започне во 1997 година, со победата на прилепскиот фестивал Мелфест.

Следуваат бројни фестивали на кои редовно освојуваше награди, така што веќе на почетокот од 2000-те веќе беше најголема македонска музичка ѕвезда, додека во следните неколку години со својот талент стана и најголема поп-икона во регионот.

Бонус видео

Кафе муабети со нашата Стојне

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button