LIFESTYLEВирално

Оваа фотографија стана хит: Татко најде начин како да се одмори кога е сам со децата

Advertisement

Ако сте родител, многу добро знаете колку секојдневните обврски може да ве исцрпат. Си доаѓате од работа, ве чекаат децата, готвење, подготвување… Како да не сакате да се одморите барем половина час?

ФОТО: Printscreen Instagram

Меѓутоа, еден доста умен татко пронашол совршено решение. „Јас ќе се грижам за децата, а ти оди купувај намирници на мир“, ѝ рекол Мајкл Вебер на својата сопруга Моника.

Advertisement

Кога се вратила од пазарување, Моника имала што да види.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=162819024959501&set=p.162819024959501&type=3

„Тој е најгенијалниот тип кој сум го запознала. Им рекол дека мора да направат реалистична слика, додека тој им позира, односно спие. Победникот добива чоколадо, но, да бидеме искрени, тој е победник“, напишала Моника под фотографијата која ја видела кога се вратила дома.

Advertisement

Подоцна Моника објаснила дека нејзиниот сопруг се вратил од ноќна смена. Со оглед на тоа дека надвор било многу ладно и врнело снег, мислела дека е подбро да оди да пазарува сама.

„Кога се вратив дома го викнав најстарото дете да ми помогне, а тој ми рече дека мора да бидеме тивки, затоа што прават реалистична слика и ако татко им се помрдне, цел нивен труд ќе биде уништен.“

Иако постарите деца сфатиле што се случило, ја прифатиле идејата затоа што цртањето ги забавувало. Оваа фотографија измами насмевка на многу родители.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button