Ова повеќе никој не го лајкнува: Фотографии на Инстаграм на кои им помина „модата“
Овие фотографии веќе ни здосадија и не се ниту интересни, ниту оригинални
Се чини дека во текот на целото лето се појавуваа исти фотографии. Креативноста исчезна некаде и сите се сликаат во речиси исти пози. Еве кои се најголемите клишеа на социјалните мрежи.
Стапала
Луѓето се опседнати со фотографирање на стапалата додека лежат на плажа, а во позадина се гледа морето и песокот. Е ова е најголемо клише!
Храна
Дали секое јадење е достојно за фотографирање? Ако се прашуваат корисниците на Инстаграм, сигурно да. Веднаш штом храната стигне на маса, уште додека не е вкусена, се бара најдобриот агол и најдоброто светло за да биде фотографирана.
Скок
Една од омилените фотографии на луѓето кои сакаат да покажат дека уживаат во моментот, е скокот, дали на плажа, пред некоја атракција или на асфалт. Но, ова бара доста посветеност и повеќе пати изведување на скокот, при што подобро е да се посветите на фотографирање на вистинското уживање во моментот.
Срце
Уште едно клише е правењето срце со рацете, додека заоѓа сонцето или пак на изгрејсонце. Но, самото зајдисонце или изгрејсонце е многу поубаво без рацете кои прават срце.
Стапови за селфи
Се сеќавате ли што имаше пред стаповите за селфи? Тогаш би замолиле некој љубезен минувач да нѐ фотографира и така ќе почнеме некој разговор со него. Тоа сега е минато, зашто стаповите за селфи ги окупираа сите туристички акции, па потребни ни се сериозни вештини за да ги избегнеме.