Наши ѕвезди

Фотографии и сеќавања од кои и камен би заплакал – најблиските скршени од болка и во голема тага

Поминаа девет месеци од трагичниот настан што цела Македонија ја завеа во црно

Advertisement

Девет месеци пекол за семејствата на најблиските

Поминаа девет месеци од трагичниот настан кога во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 63 претежно млади лица.

Advertisement

Болката и денес е преголема, а тоа впрочем може да се види и од објавите на најблиските и пријателите на сите оние чии животи тој кобен 16 март згаснаа во пожарот, кои преку фотографии и снимки го одржуваат сеќавањето на нив.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

Една од нив е и Ана Костадиновска, која беше кобната вечер во клубот, но која имаше среќа да се спаси од несреќата.

Таа и гитаристот Горан Тонев се единствените од ДНК што останаа живи, а пред два месеци почина и Владимир Блажев – Панчо.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

И токму кога многумина мислеа дека Панчо ќе успее да се извлече, страшната вест за неговата смрт ги потресе сите.

Ана девет месеци по несреќата во која загинаа 63 млади лица, сподели неколку фотографии од Сара Николовска на својот Инстаграм. Тие беа мошне блиски и заедно со години беа дел од ДНК, но соработуваа и со многу други музичари низ годините и се дружеа и приватно.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

Таа сега сподели неколку заеднички фотографии со неа, со кои ги натажи сите нивни заеднички пријатели.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

Тажна објава сподели и мајката на Ивона Антова, 21-годишната девојка која беше една од загинатите во дискотеката..

Нејзината мајка на Фејсбук сподели емотивна порака истакнувајќи дека до последен момент ќе се бори правдата да излезе на виделина.

А болката не е само што те нема. Болката е што твојот млад живот беше неправедно одземен. Болката е што денес, девет месеци подоцна, вистината сè уште ја чека правдата. Сите се бранат, сите се прогласуваат за невини, а ние родителите ги броиме деновите без нашите деца, носејќи гробови наместо прегратки, пишува оваа натажена мајка во својата објава на Фејсбук.

Нејзината објава погледнете ја во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button