(Фото) Димитар и Маја пораснаа без татко, оваа жена им беше сè – Денеска ѝ возвратија со трогателни зборови

По смртта на нивниот татко кога биле уште мали, мајката Гордана ја презела целата грижа и станала столб на семејството Андоновски. Денес, на нејзиниот роденден, нејзините деца – пејачот Димитар Андоновски и актерката Маја Андоновска Илијевски – ѝ упатија искрени честитки што ја вратија јавноста назад кон нивната семејна приказна исполнета со болка, љубов и непоколеблива сила.
Димитар и претходно зборувал за големата загуба што го обележала неговото детство. Неговиот татко, познатиот битолски гинеколог, починал кога тој бил дете, оставајќи длабока празнина.
На денот на нејзиниот роденден, пејачот ѝ посвети емотивни зборови на Фејсбук.
„Ти си дел од мојата душа и мојата најголема животна поддршка. Жена која ме воспитала со љубов и сила. Да си ми жива и здрава, мамо. Те сакам со сето срце.“

И неговата сестра, актерката Маја Андоновска Илијевски, се огласи со поетична и длабоко лична честитка, опишувајќи ја мајка си како жена што ги поместувала „брда и планини“ за своите деца.
„Ти си темелот на кој ја ѕидав мојата душа. Ти си ураганот што ми дуваше в грб за да полетам. Моја сила, мој разум, моја супер хероина. Сè што сум денес е благодарение на тебе.“




