Фолкерката што е хит во нашата земја направи хаос – гастербајтерките во транс, ќе го паметат ова (видео)
Една од омилените фолкерки на Македонците направи лом на својот настап во Штутгарт

На сцената се појави со бидермаер?!
Балканската Шакира, Теа Таировиќ, се омажи пред две недели, а сега со својот потег на еден настап ги шокираше сите.
Имено, таа имаше настап во Штутгарт, каде ги изненади сите со својот сценски настап, посебно со она што го направи со бидермаерот.
Принтскрин/ ТикТок
„Вие знаете дека од скоро сум госпоѓа, омажена жена“, почна Теа да објаснува, а потоа го фрли бидермаерот во публиката.
„Значи, за сите има надеж. Да видиме на кого сега ќе ја пренесам оваа среќа“, кажа популарната пејачка, додека нејзиниот сопруг стоеше покрај бината и не ја тргаше насмевката од неговото лице, што може да се забележи и од следната снимка.
@club_metropola_official Kakva carica! @Теа Таировић @🎀TEA TAIROVIC🎀 #teatairovic
На сцена во фармерки?
Инаку, Теа и само неколку дена по нејзината свадба имаше настап, во Будва, кога исто така направи вистинско лудило.
Принтскрин/ ТикТок
Но она што тогаш беше малку необично дури и за неа е што се појави во широки фармерки и со градник зачинет со циркони.
Принтскрин/ ТикТок
Но кога во ова издание почна да „меша“ со своето тело и да ги прави своите „акробации“, никој не остана рамнодушен.
Принтскрин/ ТикТок
И овие снимки привлекоа големо внимание на мрежите, посебно заради провокативниот танц на Теа во фармерки.
Принтскрин/ ТикТок
Потсетуваме, Теа неодамна му се заколна на вечна љубов на својот избраник Иван Вардај, а интимната венчавка беше во Нови Сад.
Како изгледше Теа и како невеста, погледнете тука.