Новости

Фолкерката има 10 станови и куќа со огромен базен – раскошно живее, ама парите ги троши паметно

Пејачката си ужива во луксузот што сама си го заработила...

Advertisement

Познатата фолкерка се пофали со базенот што го има дома

Една од најпознатите фолк-пејачки во регионот, Стоја Новаковиќ, го покажа омиленото место во својот дом во текот на летото.

Advertisement

Таа веќе со години е присутна на музичката сцена, па нема проблем да си дозволи ваков луксуз каков секој би посакал.

Инстаграм/ Стоја

Имено, Стоја на својот профил на Инстаграм сподели фотка од базенот што го има во дворот од куќата во која живее.

Advertisement

Таа позираше покрај базенот, а наоколу се гледаат палмите и цвеќињата со кои пејачката го украсила својот двор.

Инстаграм/ Стоја Новаковиќ

„Чист стојизам“, напиша таа во описот на објавата со која привлече големо внимание и доби голем број лајкови.

Потсетуваме, за Стоја во последно време се шушка дека сите свои пари ги има вложено во недвижнини и сега живее и од тоа.

Инстаграм/ Стоја Новаковиќ

Таа наводно има 10-на станови во близина на селото во кое што живее и дека само од издавање на истите таа во џеб на крајот од месецот става околу пет илјади евра, пренесуваат српските медиуми.

Инстаграм/ Стоја Новаковиќ

Стоја сега живее во нејзината родна куќа во близина на Зрењанин, која неодамна целосно ја реновираше.

Инстаграм/ Стоја Новаковиќ

Таа и пред само неколку недели покажа како ужива во овој свој мал рај, но и како изгледа во костим за капење.

Погледнете го и ова издание на пејачката тука >>>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button