Реклама
Наши ѕвезди

Фолк-пејачот Спасен ја отвори вратата од својот дом – гостинката сама си влезе, што ќе каже сопругата?!

Вистински домаќин

Реклама

На познатиот пејач му дојде ненајавен гостин

Познатиот пејач Спасен Сиљаноски сподели едно интересно видео од неговиот дом во Скопје и ги изненади сите.

Имено, тој покажа како го пушта во својот дом ненајавениот гостин и притоа откри како изгледа овој дел од куќата во која живее.

Маркетинг

Пејачот го сними мачето што дојде на неговата тераса, а потоа ја отвори вратата и го пушти внатре, притоа покажувајќи и еден дел од домот.

Маркетинг
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Како што може да видиме од терасата се влегува директно во дневниот престој кој е пристојно наместен и во кој Спасен ужива .

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Целиот простор е украсен со интересни детали, а во кујната често и прави друштво на својата сопруга која е одлична готвачка.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Голем мераклија

Потсетуваме, Спасен во една пригода за Гламур откри дека не е голем гурман и дека не е пребирлив, па така јаде сé што ќе зготви неговата сопруга. Сепак најмногу ги сака традиционалните јадења, како гравче-тавче, мусака, селски домашни пиперки испржени со јајца и со патлиџанчиња, и како што самиот вели – пораснат е со природно млеко и мнооогу сака да јаде лазањи.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

„Од безалкохолни кога сум жеден сакам да се напијам швепс, а од алкохолни сум љубител на пиво. Ракија не консумирам, освен кога сум кај мене во село сакам да се напијам домашна која сам сум ја правел“, изјави во една пригода Спасен за Гламур.

Целото интервју со Спасен прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button