Фолк-пејачот Благоја Грујовски никогаш поемотивно за поранешната, но и за сегашната сопруга (видео)
Важи за еден од најдобрите, но и најомилените пејачи меѓу своите колеги, а за своите колешки вели дека му се како сестри...
Неколку детали од животот на нашиот познат пејач…
Пејачот Благоја Грујовски никогаш не криел дека и по разводот останал во добар однос со својата поранешна сопруга.
Имено, познатиот фолк-пејач веќе долги години е во брак со Ирена со која го има синот Марко, а го има и синот Матеј, од првиот брак со една од најпознатите македонски водителки, Татјана Стојановска.
Тој во своите интервјуа често знае да ја спомене сегашната, но и поранешната сопруга, откривајќи дека останале во добар однос.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Имено, Благоја и Татјана се разведоа во 2007 година, а како што самиот Благоја во една пригода истана, тие имале „добар развод“.
„Ние гледавме тоа да го направиме најбезболно, најдругарски, најчовечки, меѓутоа сепак не е лесно“, изјави Благоја во една пригода во емисијата „Искрено со Ивана и Адријана“, заклучувајќи дека неговиот развод сепак бил добар, со консензус, со меѓусебна согласност, што навистина ретко се случува.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
„Ако постои лесен развод, тоа би бил мојот развод“, истакна тогаш Благоја за разделбата од неговата поранешна сопруга
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Благоја на работа, со колегите
Што се однесува пак до тоа каков е Благоја како родители, но и како реагира неговата сопруга на тоа што тој постојано е опкружен со најубавите жени, познатиот пејач во една пригода изјави:
„Јас се трудам да бидам најдобар сопруг и татко што можам да бидам, сега дали успевам во тоа колку што сакам и колку треба не знам, но генерално мислам дека ги исполнувам тие критериуми. Сега барем во овие години сум прибран и одговорен и се грижам за фамилијата, за домот за децата. Едниот син е веќе возрасен, сам се грижи за себе, сам живее и работи, дипломиран е и има 26 години, а малиов треба да се работи на него доста, да се разговара бидејќи е во специфични деликатни тинејџерски години“, изјави Благој во една пригода за Гламур магазин, па во врска со тоа дали неговата сопруга е љубоморна или има потполно разбирање за неговата професија, пејачот го додаде и следново:
Благоја со својата колешка Анета
„Па не, јас сум опкружен со жени постојано и тие се од мојот многу близок, близок круг, тоа се жени мои колешки од естрадата, со нив егзистирам, со нив работам со нив живееме, тоа се мои сестри, и Ирена повеќето ги познава“, ни откри тогаш Благоја.
Целото интервју со него прочитајте го тука >>