Реклама
Новости

Фолк-пејачка со македонско потекло претепала жена – нејзината исповед го шокираше целиот Балкан

Како мала растела во шуша, во соба без струја

Реклама

Наводно жената му удрила шлаканица на нејзиниот син, по што таа веднаш импулсивно реагирала.

Познатата српска пејачка со потекло и од Македонија, Гоца Божиновска, во една пригода раскажа еден немил настан.

Како што откри пејачката тогаш, не можела да се воздржи и физички ја нападнала жената што го удрила нејзиниот син.

Маркетинг

Принтскрин/ Инстаграм

Имено, жената најпрво му удрила шлаканица на синот, по што пејачката веднаш реагирала и инстиктивно и возвратила на оваа госпоѓа.

Маркетинг

„Буквално ја повредив жената, 15 дена примаше инјекции. Ја тепав како маж, ја бутнав сред улица“, раскажа Гоца.

Принтскрин/ Инстаграм

Како што појасни пејачката, жената наводно му удрила шлаканица на нејзиниот син кој тогаш бил многу мал. Таа веднаш дошла со автомобилот, по што бурно реагирала, а жената си го извлекла подебелиот крај.

И како што појасни тогаш пеачката, таа дошла во костим за капење бидејќи со своите пријатели уживале на базенот во нејзиниот двор. Но кога почнала да се расправа со жената, жената ја фатила пејачката за косата, односно за нејзиното опавче, по што и паднало мрак на очите и почнала брутално да ја удира со рацете.

Принтскрин/ Јутуб

„Всушност, ако таа мене не ме фатеше за косата, јас никогаш не би се степала. Се влечевме по оној песок крвави. Тоа е нешто најлошо што сум го направила. Можеш се да ми направиш, но детето не ми го допирај“, заклучи тогаш пејачката во емисијата „Амиџи шоу“ и ги „шокираше“ сите.

Принтскрин/ Јутуб

Растела во шупа, во соба без струја

Инаку, пејачката при едно гостување истакна дека многу луѓе денес и завидуваат, но малкумина ја знаат вистината за неа.

И како што самата вели, нејзината животна приказна отсекогаш била некоја мака. Се родила во воз, а пораснала во многу сиромашно семејство.

Принтскрин/ Инстаграм

„Живеевме во шупа биејќи земјотресот ни ја сруши куќата. Растевме во собичка без струја. Бев малечка, ситна и ненахранета“, се присети познатата фолк-пејачка во една емисија, истакнувајќи дека нејзиниот татко бил богат човек додека живееле во Македонија, но оставил сé кога се оженил со нејзината мајка и се преселил задно со неа во Србија.

Имал пет деца и се оставил на нив. Никога не прашував за тоа, не барав, ниту пак ме интересирало. Тука одвај составувавме крај со крај, раскажа Гоца во една пригода за српскиот портал „Курир“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button