Реклама
Парфеми

FLOWERBOMB: Новиот парфем на VIKTOR&ROLF е вистинска цветна бомба!

Реклама

Желбата за создавање ѕвезди конечно е исполнета …

Пред десет години,Viktor Horsting & Rolf Snoeren си замислија желба. Желбата беше да се создаде мирис кој ќе го направи светот подобар. Им се оствари токму со парфемот  Flowerbomb: ѕвездата е родена. „Ние отсекогаш сме сонувале за создавање на парфем и  отсекогаш сме верувале во моќта на мирисот. Замисливме желба и никогаш не се откажавме од сонот. Во 2005 година, нашиот сон стана реалност: нашиот Flowerbomb се роди “.

Маркетинг

ЖЕЛБА ЗА ЗАЕДНИЧКО КРЕИРАЊЕ НА УБАВИНА

Концепт на гламур. Провокативна мода. Неочекувана елеганција.Токму тоа се креативните столбови кои го дефинираат авангардниот  дизајн  на Viktor&Rolf. Со желба заеднички да креираат единствена убавина, Viktor&Rolf го избраа својоткреативен пат имајќи ги на ум токму тие основни вредности –тоа беше беше случај и кога го дизајнираа парфемот Flowerbomb, кој е вистински одраз на нивната визија за убавина.

Маркетинг

ЖЕЛБА ЗА ЦВЕТНА ЕКСПЛОЗИЈА

Се започнува со името и со предизвикот на исклучително женствено – цветниот парфем да му бидат додадени провокативни и експлозивни ноти. Неочекуваниот спој на цветната експлозија и скромната слаткост го отвори патот на овој раскошен гурмански парфем. Десетина орхидеиcattleya, стотици фасцинантни sambac јасмин цвеќиња, илјадници сочни цветови фрезија и милиони ливчиња од роза се споени во  букет кој едноставно предизвикува зависност, а сето тоа е проследено со провокативен акорд на пачули и слатка ванила. За овој култен парфем заслужни се „носовите” на Olivier Polge, Carlos Benaim и Domitille Bertier.

ЖЕЛБА ЗА КРЕИРАЊЕ ЛУКСУЗНО ЉУБОВНО ОРУЖЈЕ

За дуото Viktor&Rolf, шишенцето претставува луксузно оружје за заведување и љубов.
Сјајното стакло на дијамантната бомба го претвара негативниот симбол во позитивен, во убавина и луксуз. На пакувањето обвиткано со лента на која се наоѓа името на парфемот, во црн восок е втиснат печат со потписот на Viktor&Rolf.

ЖЕЛБА ДА СЕ СОЗДАДЕ НОВ КЛАСИК

Viktor&Rolf уште од своето најрано детство биле фасцинирани од рекламите за парфеми. Исклучителна реклама може да биде показател за времето во кое е направена. Неочекувано мистичната и провокативна реклама за Flowerbomb е иста веќе една деценија, но таа и понатаму останува легенда. Реализирана во соработка со пријателите и чести соработници на дуото Viktor&Rolf, фотографите Inez van Lamsweerde и Vinoodhom Matadinom.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button