Светот на иднината е навистина прекрасно место – без загадување, без криминал и без потреба од заштита од бочни судари..
A како на друг начин да си ја објасниме визијата на дизајнерите на Toyota, кои што малиот Aygo го оголиле до даска (што би рекле до гола кожа), му набиле 17-колни фелгетини и го офарбале како лижавка? Е сега, замислете си го на нашите ’автопати‘, позади некој FAP од 1972 или пак обидете се да си визуализирате што ќе се случи кога ова мало чудо би го паркирале на некој паркинг до некое средно школо во Скопје? Па, ќе бидете среќни ако го најдете барем воланот!
За сигурноста во сообраќајот е излишно било што да се говори – подобра веднаш да се фрлите од некоја висококатница, отколку со него да се обидувате на време да стигнете на работа. Единствена добра страна му е што нема да ве замараат ромчињата на семафорите за да ви ја исчистат шофершајбната. А кој знае, всушност може да поминете и полошо!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.