Весели очи и насмеано лице, витка градба и нежни црти – како да го препознаете секој хороскопски знак по физичкиот изглед
Вага
Припадниците на овој знак најчесто имаат овално лице со правилни црти. Најчесто се повисоки од просекот, изгледаат софистицирано и имаат впечатлива боја на очи. Долниот дел од телото им е појак од горниот, а градниот кош и струкот потесни. Обожаваат да се дотеруваат и да го истакнуваат својот изглед, а омилени бои им се сината и црвената.
Машко-женски хороскоп: Зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“?>>>
Скорпија
Тие имаат прилично цврста физичка конструкција, па дури и кога се многу слаби делуваат силно. Имаат пошироки рамена од повеќето луѓе, лицето им е впечатливо, со сензуални усни, продорни очи и неправилен нос. Косата најчесто им е густа и со боја на лешник. Сакаат да изгледаат убаво, но не сакаат ништо што е нападно. Омилени бои им се црвената и црната.
Стрелец
Најчесто имаат просечна или нешто малку надпросечна висина и се спортски градени, состојба која можат самите да си ја уништат со претерано уживање и јадење. Најчесто имаат долгнавесто лице, заоблено чело и изразени сини или зелени очи. Кај нив често се случува да имаат проблем со опаѓање на косата. Сакаат спортски и опуштен изглед, а омилени им се светлите бои.
Јарец
Иако изгледот на припадниците на овој знак делува помалку неутрално, сепак тие се издвојуваат по тоа што се прилично ковчести. Најчесто се ниски или со средна висина, а очите им се големи и изразени. Лицето им е заоблено, со вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Сакаат убава облека, но не и вулгарен изглед. Најдраги бои им се зелената и костенливата.
Водолија
Припадниците на овој знак најчесто се со средна висина или нешто под просекот, имаат полно лице и светол тен. Килограмите им се голем проблем по триесеттата година. Имаат мали дланки и стапала, но прекрасни нозе. Имаат убави очи и големи, меки усни. За нив облеката не игра некоја голема улога, а омилени бои им се виолетовата и сината.
Риби
Одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето ги красат припадниците на овој знак. Лицето најчесто им е заоблено или овално, а косата јака и густа. Горниот дел од телото им е обично потенок од долниот, кој им е заоблен и широк. Очите им се најубав дел на рибите, имаат широка и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен.
Омилени бои им се зелената и црвената.