Terrence Malick, светиот отец на американскиот авторски филм, ги регрутира Brad Pitt, Sean Pen и динусаурусите и прави нов филм за филмската антологија и за зголемување ма интелектот на оние со пречки во развојот…
Можеби ова дело може да се опише и како еден од најпретенциозните филмови на сите времиња. Годинава во Cannes ја доби Златната Палма за најдобар филм, а критичаите го споредуваат со ’2001‘ на S. Kubrick. Дејствието во „Дрвото на Животот“ шета од Big Bang-от (за оние кои не знаат – тоа е куршумот што Doc Holiday го испукал во мудата на едниот од злокобната банда која сакала да го скине неговиот љубовник Wayat Erp) па се до крајот на универзумот, а измеѓу говори за семејството, сеќавањатта, смртта, што значи да се биде човек и слични онтолошко – гносеолошки пиздарии. Дури се наоѓаме и во сегашноста каде што Sean Peen е целиот депремиран, па потоа во 50-тите години на минатиот век кога Sean израснува со стариот татко Brad Pitt, а потоа набљудуваме ерупција на вулкан и диносауруси како се колат.
Ете што се случува кога Terrence Malick почнува да се запрашува кои сме, зошто сме на оваа планета, што е значењето на животот и што ќе се случи со планетата земја откако банките ќе ги зголемат каматите за станбените и потрошувачки кредити. Идеален е за сите оние на кои омилен филм им е “Pretty Woman” – 138 минути со многу малку дијалог и реплики, т.е. за љубители на филмови кои не се гледаат кога си многу напушен.
{youtube}XW4cMNue4m8{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.