Кој, што и како? Tom Hanks и Julia Roberts, значи – седнете пред екранот, изгаснете ја струјата, напишете тестамент, сипете си чаша Арсен и започнете со гледање на филмов….
Tom Hanks, типот на кој со најголемо задоволство би му испукале харпун во ректумот и Julia Roberts, после чие споменување на името, посакуваме да гледаме едукативни емисии за абортус, се фаците околу кои се врти целото дејствие на филмот. Чичко Tom е ветеран од морнарицата (nigga please) кој добива отказ од работа, па одлучува да се запише на факс. Таму запознава секакви лузери, но и професорката Julia, во која се вљубува.
Ако оваа кратка содржина не ви е доволна за донесување на правилна одлука во врска со гледањето на “Larry Crowne”, ќе додадеме дека овој пат Hanks е и режисер, сценариото го напишал со Nia Vardalos, позната по успешниoт “My Big Fat Greek Wedding”.
Не знам дали постои нешто што би можел да ви го кажам како утеха?…..Па добро, барем не е нов “Transformers”….
{youtube}nEtm9TEYnxA{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.