NEWSВестиПолитика

Филипче: На 19 октомври ќе ги направиме салата

Advertisement

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во општина Центар порача дека противниците на 19 октомври ќе ги „направат салата“.

„Горан не сакаше ништо за противниците, а јас ќе кажам само една работа. На 19-ти октомври ќе ги направи салата“, порача Филипче.

Advertisement

Обраќањето беше проследено со гласна смеа и аплауз од присутните.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во општина Центар, го коментираше однесувањето на актуелната власт и посочи на негативната кампања која ја води против СДСМ. Според Филипче оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на власт е одраз на нивната немоќ и неспособност.

„Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден на власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека тоа е кампања да се прикријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.

Advertisement

Тој додаде дека власт која води негативна кампања кон опозицијата, според него, не е само неспособна, туку и дека не се грижи за напредокот на државата, не сака дијалог и не сака компромиси.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button