NEWSВестиПолитика

Филипче: Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на 22.500 денари, се спасија над 80.000 работни места

Advertisement

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Валандово истакна дека политиката треба да биде алатка за подобрување на животот на луѓето, а не кон пропаганда и лични интереси, укажувајќи на разликата во владеење на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која стои зад малкумина, зад богати олигарси, и му го врти грбот на народот.

„Тоа е нашата борба – за поголеми плати на работниците, за минимална плата од 500 евра, за повисоки пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците, за младите, за Европа“, порача лидерот на СДСМ.

Advertisement

Тој ги потенцираше резултатите од времето кога СДСМ ја водеше државата, кога платите и пензиите растеа, се воведоа антикризни мерки за зачувување на работните места и поддршка на семејствата, и кога државата беше вистински партнер на граѓаните во најтешките кризи.

„Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на 22.500 денари, просечната плата од 22.000 на над 40.000 денари. Ја зголемивме пензијата, тројно ја зголемивме социјалната помош, се спасија над 80.000 работни места, а 20.000 компании беа заштитени од затворање. Семејства беа заштитени преку субвенционирање на сметките за струја. Тоа беа години кога државата стоеше зад човекот“, потенцираше Филипче на трибината на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, во Валандово.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button