Не се парите она што го посакуваме, туку работите кои тие ни ги носат – од стабилен живот до луксуз. Ако се борите со финансиите и притоа верувате во Фенг Шуи филозофијата, тогаш можете да промените некои работи во вашиот дом и да привлечете повеќе богатство.
Ослободете се од нередот
Имате многу непотребни работи во домот? Ослободете се од нив што поскоро.
Детоксикација на домот
Наместо хемиски производи, за чистење користете производи на природна база, а овој премин ќе ви додаде динамична енергија во вашиот дом. Постојат многу рецепти за чистење со помош на лимон, оцет, сода бикарбона.
Користете ја својата кујна
Кујните се древен симбол на успех. Сфатете дека сте среќни ако можете да се храните добро и користете ја кујната со голема благодарност.
Радосно примајте луѓе во вашиот дом
Погрижете се да имате добар простор за доаѓање на гости. Додајте малку црвена боја (црвено цвеќе, црвена перница…), па со ова привлечете попозитивни луѓе.
Давајте повеќе
Колку повеќе давате, толку повеќе имате. Во Фенг Шуи, сочувствувањето е во директен оснос со благостостојбата. Најдете начини како повеќе да им давате на своите соседи и блиски. И вашето време е нешто драгоцено