Реклама
Секс

Луѓето имаат поголема потреба за Фејсбук отколку за секс!

Реклама

Лудите Aмери не престануваат со нивните луди и бизарни истражувања. 

Маркетинг

Овој пат се работи за Вилхелм Хофман (име кое ветува, нели?!) од универзитетот во Чикаго, кој докажа дека луѓето потешко се откажуваат од Фејсбук и од интернет поштата, отколку од сексот. Истражувањето е спроведено во Германија врз 205 учесници постари од 18 години. Сите тие имаат добиено Black Berry преку кое требале да јавуваат на секој половина час дали имаат потреба за спиење, јадење, секс, пушење, пиење или сурфање по интернет.

Резултатот бил фрапантен: потреба која убедливо била на првото место е желбата за јадење, потоа желбата за спиење, па следува онаа за пиење на безалкохолни пијалоци, додека на четвртото место е потребата да се седне на интернет. Дури 71 % од испитанците имале потреба да ја проверат својата интернет пошта, додека 65 отсто потреба да видат што се случува на Фејсбук, Твитер или на некој друг нивен профил на социјалните мрежи.

Маркетинг

Верувале или не, но сексот се наоѓа дури на 9-то место од вкупно 15 потреби. Секако дека ова не е се во врска со ова истражување. Генијалниот Хофман отишол уште подалеку кога на своите испитаници им рекол да се обидат да потиснат некоја од нивните потреби, па така на пример желбата за Фејсбук успеале да ја потиснат само 40 отсто од испитаниците, додека желбата за секс дури 90 отсто.

Според Хофман, станува збор за клучен доказ за решение на загатката во врска со проблематичното користење на медиумите. Според него, луѓето кои постојано имаат на дофат медиуми, секогаш кога ќе го направат тоа чувствуваат моментално задоволство без притоа да вложат поголем труд. Од друга страна пак, некои други науници се категорични дека некои работи не треба да се ставаат под „иста капа“. Па така на пример, според нив (која генијалност, човече!), воопшто не е исто да се има секс и да се објави на Фејсбук дека сте добиле на некоја утакмица. Сепак, се работи за „баби и жаби“ – вели Које Чесире од универзитетот во Беркли.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button