Фатиме во фантастично модно издание
Нашата позната специјална обвинителка Фатиме Фетаи на црвениот килим на премиерата на филмот Врба на Мило Манчевски се појави во преубав зелен фустан. Во прашање е модел со ¾ ракави и деколте во „V“ израз кој убавата обвинителка го носеше со црни високи потпетици, плико чанта и црвен кармин кој е нејзиниот заштитен знак.
Инаку, смарагдно зелените нијанси се популарни веќе неколку сезони и бројни брендови ги имаат на своите полици. Во прашање е боја која им е омилена и на многу познати дами, од Бијонсе и Меланија Трамп, до Кејт Мидлтон и Амал Клуни, а доколку се уште не сте ја пробале оваа нијанса, можеби токму сега е вистинскиот момент тоа да го направите.
Ако сакате да го усвоите овој тренд, но не можете да се замислите во оваа кралска смарагдна нијанса од глава до пети, тогаш започнете со мали чекори и бирајте детали – оваа боја совршено ќе изгледа и на чанта, чевли или пак изберете само здолниште или блуза во оваа шик нијанса.