Фатиме Фетаи во фантастично „all black“ издание
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција на која презентираа нови истраги произлезени од преслушуваните разговори се појави во црна комбинација од глава до пети. Таа носеше црно здолниште со висок струк и елегантна црна блуза додека целата комбинација ја зачини со нејзината преубава црна коса, елегантни високи потпетици и нејзиниот заштитен знак – кармин во впечатлива црвена нијанса.
Инаку, на прес-конференцијата соопштија дека отвораат 7 нови истраги против 17 лица за злоупотреба на службена положба и овластување, а меѓу нив осомничена е и претставничката Силвана Бонева која го довела во заблуда овластеното лице во Собранието на Република Македонија и за четири години зела околу 100.000 евра за патни трошоци. Покрај Силвана, во еден од случаите обвинета е и новинарката Ивона Талевска.