Реклама
Кафе муабет

Дали жените им го скратуваат животот на мажите?

Реклама

Поради незадоволството од заедничкиот живот, кое што притоа неретко го чувствуваат, кај мажите во средни години е три пати поголем ризикот од смртност.

fatalnazena1

Едно данско истражување кое што е спроведено врз 9857 мажи и жени, на возраст од 36 до 52 години покажало дека постои повисока стапка на смртност кај мажите кои што се во љубовни врски, во кои што постојат чести кавги, а кои што се притоа предизвикани од страна на жените.

Маркетинг

Како што тврдат истражувачите, мажите, за разлика од жените, во текот на целиот свој живот имаат многу помалку личности во својот живот со кои што би можеле искрено да поразговараат и да ги споделат своите грижи и проблеми. За тоа можеби имаат по некој член од фамилијата или пак близок пријател, но мажите речиси никогаш не развараат за тоа. Тоа е и можна причина за зголемената стапка на морталитет помеѓу нив.

„За мажите партнерката е често пати и единствената личност на која што ѝ се доверуваат, а кога таа ќе стане извор на проблеми и нервирања, мажите често запаѓаат во депресија, што секако лошо влијае на нивното здравје“ – велат истражувачите.

Маркетинг

Исто така, кога се под стрес, мажите се подложни и на лоша исхрана, се соочуваат со несница а неретко посегнуваат и по алкохол, што исто така го нарушува нивното здравје. Од друга страна пак, жените многу помалку се вознемируваат околу сето ова. Затоа, дами, следен пат потрудете се помалку да зборувате, и сочувајте им го здравјето на вашите мажи!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button