Хајди Клум обожава да носи фармерки.
Но и покрај тоа што нејзе и се омилени фармерките-ѕвонарки, таа преферира да носи и „скини“ модели, но не било какви, туку оние кои ги нагласуваат колковите.
Број еден фармерки за оваа убавица се елегантните ѕвонарки кои во комбинација со платформи или високи потпетици ја издолжуваат фигурата и нозете и визуелно даруваат по некој сантиметар повеќе во овој дел од телото. Но одвреме-навреме бившата манекенка своите дневни комбинации сака да ги зачини со уште еден крој кои имаат потполн спротивен ефект. И додека ѕвонарките ги стеснуваат колковите и ја прават вашата фигура повитка, скини моделите со висок струк на пределот на колковите додаваат волумен и го нагласуваат задникот.
Таа овие женствени фармерки ги носеше со бела блуза, црно тренди сако и елегантни црвени високи потпетици што беше сосема доволно да изгледа фантастично, Токму затоа и ние се „прошетавме“ низ најпознатите интернет продавниците на најпознатите комерцијални брендови и избравме неколку модели на тесни фармерки по примерот на славната русокоса со цени кои се движат од 500 денари па нагоре.
Zara 999.00 MKD
ASOS FARLEIGH £35.00
види повеќе » |