Ако сте во потрага по нови фармерки кои ќе ви бидат омилени преку целиот летен период, наш совет е да изберете фармерки со висок струк.
Овој модел беше популарен во лудите 80-ти, а судејќи според познатите ИТ девојки тие повторно се вратија на модната сцена. Ги носат девојките како Кајли Џенер, Џиџи Хадид, Кортни Кардашијан, Лили Олдриџ, Алесандра Амбросио и Емили Ратајковски, кои го оживеа трендот на моделите со висок струк кои долго време беа заборавени.
Но, тие овој „класичен“ модел на фармерки за мајки секогаш ги комбинираа со внимание, па наместо да изгледаат „несмасно“, тие во нив изгледаат фантастично и секси, лансирајќи го овој шик модел на врвот на секоја шопинг листа.
Па, доколку сакате да ги видите најубавите модели на фармерки со висок струк, кликнете тука или отворете ја галеријата во продолжение.
види повеќе » |