Таканаречените „skinny“ фармерки веќе со години се на самиот врв на секоја шопинг листа, но и меѓу најпопуларните трендови.
Тесните фармерки со еластин кои потполно се залепени за телото доминираат веќе неколку сезони, а таа доминација неодамна ја прекина „boyfriend“ моделите кои го најавија враќањето на удобните стари модели.
Најголемиот проблем кај skinny фармерките се нивната удобност!
Модните конзервативци skinny моделите воопшто не ги ставаат во категорија фармерки и сметаат дека вистинските фармерки се прават исклучиво од памук. Според нив овие модели премногу потсетуваат на хеланки за да се викаат фармерки.
Токму тие го најавија враќањето на другите кроеви, односно моделите со среден или висок струк и со широки рамни ногавици. Таквите модели по малку се андрогени бидејќи не ги истакнуваат женските облини како што тоа го прават популарните тесни фармерки.
Но затоа пак кај таквите модели во преден план е удобноста, што не значи дека не изгледаат убаво, а тоа можете да го забележите и по бројни ИТ девојки кои во последно време се почесто ги фураат овие шик модели.
Фармерките со ваков крој можат да се комбинираат многу добро, а тоа го докажува и бројните познати дами кои можете да ги видите на следниве фотографии.
Но, пред да одлучите каков модел ќе купите, ве советуваме да проверите и кои фармерки најдобро стојат на вашето тело.
ASOS 45 EUR
Кликнете тука или отворете ја галеријата на крајот и погледнете ги цените на најубавите фармерки за оваа сезона од најпознатите брендови.
Zara 2,990.00 MKD
види повеќе » |