Шопинг

Е ова го чекавме – фармерки кои им стојат подеднакво добро и на крупните и на слабите девојки

Advertisement

Мислам дека сите ќе се согласите дека купувањето фармерки понекогаш знае да биде навистина напорно и досадна работа.

Advertisement

Постојано испробување на најразлични модели се додека не дојдете до моделот кој најмногу ласка на вашето тело. Но додека да се случи тоа, морате да ги поминете сите продавници од кои најчесто купувате и да пробате милион различни модели, односно да изгубите драгоцено време. Тоа добро го знае и Алексија Елкем и токму заради тој проблем го лансираше брендот „Miaou“, а првото парче што го претстави во јавноста сигурно ќе ги воодушеви сите жени. Во прашање е модел на фармерки кои стојат добро на сите девојки и на секоја фигура.

Моделот е со ретро крој и со еластин кој е идеален за жените со поголеми облини, но подеднакво добро стојат и на послабите дами. Овие шик skinny фармерки се продаваат по цена од 202 долари и се достапни со величини од 36 до 48.

Advertisement

Инаку, Алексија е ќерка на Сергеј Азрија, братот на Макс Азрија и сопственикот на модните брендови „Joie“, „Current/Elliott“ и „Equipment“. Таа одлучи да се впушти во сопствена модна авантура и го лансираше својот сопствен бренд „ Miaou“, а нејзиното прво парче сигурно ќе ги воодушеви жените ширум светот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button