BEAUTYНега и здравје

Фарбање коса со кафе – да експериментираме додека сме дома

Advertisement

Фризерските салони не работат, а вие сакате да експериментирате со бојата на вашата коса. Со оваа природна фарба нема да се плашите дека ќе ја упропастите вашата коса, а е и многу едноставно и евтино.

ФОТО: unsplash.com

Ова важи доколку сте црнокоси или имате темнокафеава нијанса. Пробајте го ова едноставно решение и освежете ја вашата коса со помош на црно кафе. Постапката е едноставна. Сварете го кафето како што вообичаено го варите кога го пиете. Во зависност од должината на косата, потребно ви е помеѓу 250 и 500 милилитри црн напиток.

Advertisement

Оставете го да се одлади. На 250 милилитри кафе додајте две лажички балсам и добро промешајте. Намачкајте ја косата до природната „фарба“ за коса, детално и полека, па оставете ја да постои околу 1 час, замотана во проѕирна фолија.

Потоа, исплакнете ја, без да додавате шампон. Ако сакате да добиете уште потемна нијанса, повторете ја постапката. Не плашете се, нема да ја оштетите вашата коса, затоа што не користите хемиски препарати.

Совет плус: Талогот од кафето можете да го искористите и како пилинг за лице. Треба само добро да го втриете на влажно лице и со кружни движења да правите масажа. Потоа исплакнете и нанесете хидратантен крем.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button