Реклама
Секс

Топ 10 сексуални фантазии на жените

Реклама

Сите имаат сексуални фантазии. Но, дали постои разлика помеѓу сексуалните фантазии на мажите и жените?

Маркетинг

Доколку успееме некако да се провлечеме низ имагинаијата на нашите партнери што е она со кое што ќе се сретнеме таму? Ова се исто така едни од прашањата кои сите ние си ги поставуваме, но најпрво треба да одговориме што е она што, ние самите, најчесто го сонуваме и го посочуваме како наша сексуална фантазија? И секако не треба да сте негативни доколку во вашите фантазии ве возбудуваат нешта кои не би требало да ги правите во реалноста, како на пример некое друго машко или секс со повеќе мажи одеднаш – бидејќи сепак ова е само фантазија, нешто што треба да остане само во вашите мисли. А верувајте, во главно сите го мислиме истото.

 Да испробате нови нешта со вашиот партнер 

Маркетинг

Ова, исто така, е една од најчестите фантазии и кај посилниот пол. Жените често сонуваат за некои нови нешта кои што сакаат да ги испробаат и да ги прават со своите партнери, а и мажите го сонуваат истото тоа. Заклучокот е што поскору да се најдете на истата фреквенција и да им ја исполните фантазијата на вашите партнери…

Докажано е дека жените почесто сонуваат за нешта кои се невообичаени, но не и неостварливи.

 Секс со некој друг 

Ова всушност, за секоја жена, треба да значи љубов! Но љубов во мислите, поинаква од онаа што му ја давате на вашиот партнер, затоа не треба да ве мачи грижа на совеста во врска со тоа. Сепак, станува збор за „љубов“ во една сосем поинаква ситуација, која што е сосема нормална за секоја жена и се нарекува – фантазија.

Овие фантазии доаѓаат од желбата да се има нешто што на било кој друг начин не би можело да се добие така лесно и без последици.

Едноставно, ниту една жена кога стапува во врска не значи дека престанала да ги „следи“, барем во мислите, останатите мажи.

 Секс со жена 

Ова е фантазија која што е многу поприфатлива и поприсутна кај жените, отколку кај мажите. Но, шегата на страна, мажите воопшто не се љубоморни заради ова, па дури и спротивно – ним им се допаѓа оваа идеја.

Жените вообичаено во своите фантазии не замислуваат некој кој што го понзваат добро, туку некој, т.е некоја која што добро знае што тие сакаат најмногу. И секако, друга жена секогаш е победник во оваа категорија.

 Работи кои прв пат ги пробуваат 

Тука станува збор за секс во тројка, да му робувате некому, да водите љубов на отворено, пред други, да ги ставете вашите нози меѓу неговите и да го скокотате…

Некои „отворени“ жени ќе ги споделат овие фантазии со своите партнери и ќе чекаат тие да преземат нешто во врска со тоа – но тоа не значи дека тие ќе престанат да сонуваат!

 Орален секс 

Момци, едноставно е – оралниот секс е најлесниот и најбрзиот начин ТАА да доживее оргазам. Па доколку веќе сте расположени да бидете дел од нејзината фантазија и да ги исполните сите нејзини очекувања кои почнуваат на буквата О, тогаш почнете да го правите она во кое што сте сигурни дека ќе и се допадне.

Мажите кои „царуваат“ во соништата на жените не сакаат само да им пружат орално задоволство, туку тие тоа го прават со часови и најчесто тие се однесуваат како нивни слуги, робови, атлети, искусни, како со рачињата, така и со алатот..

 Романтичен секс 

Ова исто така е една од најчестите фантазии за кои што секоја жена сонува. Дејствието во овие фантазии буквално се одвива како по сценарио на некој филм, убав и згоден маж, способен да сака жена, се сретнува со неа и веднаш паѓаат во љубовта, прегратки, бакнежи… оргазам! Потоа следува нова „пловидба“ и – повторно оргазам! Чиста романтика!

 Доминантност 

Секоја жена сака да ги има нештата под своја контрола, а тука не ретко спаѓаат и сексуалните игри. А кога работите се во нивна контрола, ах.. тогаш е се поинаку!

 Да се сретне со маж кој ја смета за неодолива 

Доколку вашата партнерка е убава, привлечна и неодолива, не треба да се возбудувате ако некоја „Силвио Берлускони“ и се пушти во реалноста. Едноставно, такво е значењето на зборот „неодолива“…

Од друга страна пак, и девојките сакаат кога кај посилниот пол ќе забележат знаци дека му се допаѓаат, дека тој „неодоливо“ сака да ја има за себе.. ако ништо друго, барем во фантазијата!

 Стриптизерка или проститутка 

Ова исто така е многу популарна фантазија присутна кај сите жени. Жените во нивните фантазии често добиваат пари за нивната „љубов“, што во превод би значело дека толку добро си ја завршиле работата што партнерот посакал да и плати за тоа.

Но, сепак станува збор за фантазија, а не за изговор и причина за запишување на универзитет во некој друг град, каде што никој не ве познава.

 Секс со странец 

Жените го сакаат ова, бидејќи тоа, едноставно, ги возбудува. Тие се понесени од идејата да имаат секс со некој маж кој што ќе им се допадне на прв поглед и со кој што никогаш повеќе нема да се видат. Тие исто така понекогаш сонуваат и за секс со партнер чиј лик нема да можат да го видат..

Можеби ова ви звучи чудно, но не заборавајте дека станува збор само за уште една фантазија на жените, која во реалноста многу ретко се случува.

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button