На барање на публиката, Театар 007 најавува изведба на култната хит комедија ФАНИ МАНИ во режија на Коле Анѓеловски.
На 26 јануари 2012 (четврток) и 30 јануари 2012 (понеделник) во Универзална сала – Скопје, ќе имате можност да уживате во комедијата на ситуации со доајените на македонското актерско небо: Благоја Чоревски, Марија Кондовска, Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Лазе Манасков и Дади Анѓеловски.
Фани Мани е современа комедија на ситуации која покрај универзалното значење навистина одговара на нашево поднебје и на економската и социјалната ситуација кај нас.
Претставите се со почеток од 20 часот, во Универзална сала – Скопје. Влезниците за претставата може да се набават на билетарницата на Универзална сала – Скопје и Купи карти за се – по цена од 250 денари.
Не пропуштајте ја хит комедијата која ќе ве насмее до солзи!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.