6. Забитена возрасните
Помеѓу 12-та и 14-та години, повеќето деца веќе ги изгубиле сите млечни заби и имааттрајни заби. Вкупно имаме 32 такви заби, односно 12 повеќе од кога сме биле мали деца. Последните четири заба, умниците, обично израснуваат подоцна од останатите – на возраст од 17 до 21 година.
7. Вадење на умниците
Ако умниците не израснат правилно, може ќе биде потребно да се вадат.
8. Од што се составенизабите?
Делот од забите што се гледа над непцето се нарекува круна. Неа ја прекрива тврд, сјаен слој глеѓ. Тоа е најсилната супстанца во нашето тело, а ги штити чувствителните внатрешни делови на забите.
Под емајлот се наоѓа дентин, чувствителна суптсанција која го сочинува најголемиот дел од забите. И дентинот е тврда материја, но не толку колку што е глеѓта.
Дентинотго штити внатрешниот дел на забот наречен пулпа. Тука се наоѓаат крвни капилари и завршетоци на нерви. Дотокот на крв ги прави забите здрави и живи. Нервните завршетоци испраќаат пораки до мозокот, на пример, кога јадеме нешто ладно или топло, дали имаме кариес или некое друго оштетување. Пулпата се протега сè до коренот, којшто е скриен под непцата.