Сите знаеме дека секачите, очњаците, предкатниците и катниците се од големо значење за здравјето, бидејќи пред сè ни помогаат да гриземе и џвакаме.
Но, колку всушност, знаеме за забите, непцата и кариесот?
Кариесот е втора најчеста болест на човештвото, веднаш по настинката. Стоматолозите сметаат дека до него воопшто и не треба да дојде, но незнаењето и небрежностаси го прават своето. На пример, во Бразил, 60 проценти од децата добиваат кариес до својата трета година. Една од причините е таа што децата кои се хранат со шише не ги мијат забите по јадење, што е особено важно навечер, кога обично пијат благи напитоци.
Неколку основни информации за забите и нивната заштита:
1. Плунка
До извесен степен, плунката ги штити забите од бактериите кои предизвикуваат кариес и воспаление на непцата. А здравјето на забите не зависи од тоаколку многу сте изеле слатки или друга храна, туку од тоа колку често јадете. Додека спиеме најмалку се излачува плунка. Затоа, една од најлошите работи што можете да ја направите за вашите заби е да јадете или испиете нешто слатко, да не ги измиете забита и потоа да одите да спиење.
2. Кариес
Бактериите се хранат со остатоците од храната во устата, а шеќерот посебно им одговара. Додека се хранат и размножуваат, бактериите го претвораат шеќерот во киселина која, пак, ја оштетува забната глеѓ. Затоа забот почнува да се расипува и со време на него се формира празнина. Во почетокот не се чувствува болка, но кога кариесто ќе се прошири до забната пулпа (мекото ткиво што ја исполнува внатрешноста на забот), може да почувствувате силна болка.
Премини на следната страна >>