Реклама
Нега и здравје

ПОСЛЕ ОВА ДОБРО ЌЕ РАЗАМИСЛИТЕ: 7 непријатни факти за јавните базени кои многумина не ги знаат

Реклама

Летото е, речиси, тука. Некои ќе побараат освежување в море, а оние помалку среќните може неколку пати да отидат на базен. 

Еве неколку работи што мора да ги знаете за јавните базени.

Маркетинг

Се капете во туѓа урина

Едно од пет лица во САД признало дека мокри во базен, според анкетата спроведена од страна на Советот за здравство за квалитет на водата. Претпоставуваме дека оваа бројка не е помала никаде на друго место, па затоа бидете внимателни.

Маркетинг

А тука е и изметот…

Капачите во просек испуштаат најмалку 0,14 грама фекална материја во базенот во првите 15 минути по влегувањето, според една студија од САД спроведена од страна на Центарот за контрола на болести. Всушност, секој човек во просек има толку фекална материја на себе што обично се мие откако ќе влезе во базен. Дури е и полошо кај оние кои добро не го бришат задникот по извршена голема нужда. Иако експертите советуваат дека пред секое влегување во базенот капачите треба да се истушираат, ретки се оние кои тоа го практикуваат.

Може да добиете пролив

Според Центарот за контрола на болести во последните две децении значително се зголемил бројот на луѓе кои добиле дијареа или некоја друга болест поради загадената вода во базенот.

Хлорот не убива сè

Хлорот и другите средства за дезинфекција, всушност, не ги убиваат бактериите веднаш, така што секогаш сте во опасност да „соберете“ некој вид бактерии.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button