„Facebook ги краде податоците од вашиот телефон, па не чудете се aко ваши контакти и броеви случајно! се нашле некаде во Америка поради комерцијални цели.“
Сите сме сведоци за судирот на Facebook со приватноста на корисниците, но земањето на сите телефонски броеви од вашиот iPhone или некој друг смарт телефон, без вашо знаење, е тотален грабеж.
Сите оние луѓе кои што ги имате во вашите контакти, заедно со нивните Facebook акаунти, имиња и броеви, стануваат предмет на интерес на Facebook и тие ги складираат овие податоци во ниваната база. И што е најинтересно вие самите сте се согласиле на ова откако сте го стиснале копчето OK, без детално да ги проучите условите и правилата, и покрај тоа што, вие, всушност, не се согласувате некој да в и ги преземе броевите.
Постои опција да ги тргнете сите броеви од вашиот Facebook акаунт, но дали базата со овие податоци ќе биде избришана и од страна на Facebook, останува да видиме откако американските адвокати ќе го прочепкаат сето ова до крај.
За останати текстови, кликни тука!