Eве како изгледа денес најголемата љубов на Тоше, Андријана Будимир: Пред да зaгинe на неа и ја испрати последната порака!
Андријана денес е мајка на синот Максим...
Македонскиот славеј Тоше Проески за.гина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, оставајќи зад себе безброј хитови, армија обожаватели кои никогаш не го преболеа неговото прерано заминување и една голема љубов.
фото инстаграм/Тоше Проески
Андријана Будимир пошироката јавност ја памети како девојка на Тоше. По неговата см.рт таа сосема се повлече од јавноста и не сакаше да дава никакви изјави.
фото инстаграм/Тоше Проески
Во медиумите се пишуваше и за наводна тепачка со семејството на Тоше, кое наводно повеќе не сакало да ја прима во куќата. Таа ја тужела и неговата менаџерка, кој тврдела дека никогаш не биле заедно со Тоше.
фото инстаграм/Тоше Проески
Тие се забавуваа три години, а потоа раскинаа поради обврски и честа разделба, за во јануари 2007 година да ја обноват врската. Но, времето не беше на нивна страна.
фото инстаграм/Тоше Проески
Пред да загине, Тоше ја испрати својата последна порака на Андријана:
„Единствена моја принцезо, многу те сакам, па ќе те чувам и во сон“. Сè има смисла откако се врати во мојот живот. Те сакам.”
фото инстаграм/Андријана Будимир
Болката никогаш не помина, но – животот мора да продолжи. Поранешната спортистка сега е среќно мажена жена и мајка на едно момче. Судбоносното „да“ го кажа на Јохан во 2013 година, а следното лето го роди синот Максим.
фото инстаграм/Андријана Будимир
Основала ракометна школа и е тренер на машката екипа на скопскиот клуб. Таа влезе во историјата на овој спорт како прва жена тренер на машки тим.
фото инстаграм/Андријана Будимир
Инаку поранешната ракометарка Андријана Будимир води голема животна битка заедно со нејзиниот син кој има аутизам.
фото инстаграм/Андријана Будимир
Андријана Будимир е борец на теренот, борец во животот. Нејзината битка сега е нејзиниот син, дете со попреченост.
Андријана, како и останатите родителите на деца со аутизам, секојдневно се бори за да му го олесни животот на синот Максим. Аутизмот е болест на денешницата која зема се поголем замав, и се повеќе деца заболуваат од неа.
фото инстаграм/Андријана Будимир
Во една прилика таа истакна:
-Еден пример, кога сите имаат роденден, веќе родителите знаат дека син ми е на специјална исхрана, не смее да јаде чоколади, глутен.
фото инстаграм/Андријана Будимир
Кога некој има роденден, носат бананчиња за сите деца, и за мојот син исто така една банана, за да знаат дека и тој е дел од роденденот. Кога доаѓаат часови по физичко образование, едноставно е тргнат на страна, затоа што професорот по физичко не може да манипулира со 35 деца, и со него посебно.
Мое мислење е дека треба да се воведе уште еден професор по физичко кој ќе биде задолжен само за деца со поп-реченост, значи тие деца да бидат комплетно инволвирани во наставниот процес по физичко образование.
фото инстаграм/Андријана Будимир
Ова е една голема иницијатива и мислам дека не само општина Карпош туку и сите други општини на национално ниво треба да ја развиваат оваа програма. Како што кажа Вања, многу е битно, тој е и понатаму невербален.
фото инстаграм/Андријана Будимир
Мислам дека со физичка активност ќе му се помогне да почне да зборува, се повеќе да се инволвира. Родителите се тие кои се повеќе треба да се едуцираат, па после да пренесуваат на своите деца дека тие деца не треба да се одбегнуваат“, рече Будимир.