CelebrityНаши ѕвезди

Езерото замолкна, а сирените на бродовите ја разбудија тагата и љубовта – овој град не го заборави Тоше (видео)

Advertisement

И годинава, Охрид не го заборави Тоше Проески. Во знак на сеќавање на човекот со ангелски глас, точно напладне од градското пристаниште се огласија сирените на бродот „Армада“, додека во позадина тивко одекнуваше неговата песна „Боже, чувај ја од зло“.

Традиционалниот настан, кој се одржува по иницијатива на Лајанс клубот Лихнидос и бродот „Армада“, уште еднаш потсети дека времето не може да ја избрише љубовта и почитта кон Тоше.

Advertisement

За  потсетување, вчера се навршија 18 години од трагичната несреќа во која Македонија го изгуби својот најсакан пејач, но неговиот лик, глас и добрината што ја ширеше остануваат дел од сите нас. Во Охрид, градот кој многу го сакаше, денес сè уште се чувствува неговата присутност, во секој звук на езерото, во секоја песна што тивко се слуша, и во секое срце што се сеќава.

Тоше останува симбол на човечност, љубов и светлина, траен белег на едно време што никогаш нема да избледи.

 

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button